Лапорта сака сензационален трансфер, да ги спои Меси и Роналдо во Барса!

by
1 минути читање

„Каталонците“ веќе
донесоа неколку засилувања за новата сезона, на Камп Ноу пристигнаа Кун Агуеро,
Ерик Гарсија, Емерсон и Мемфис Депај.

Но според
пишувањата на АС, во следните месеци може да се случи вистинска трансфер бомба.

Жоан Лапорта сонува
за сензационален трансфер и да ги спои Лео Меси и Кристијано Роналдо, двајцата
најдобри фудбалери на денешницата. Претседателот на Барса со своите соработници
почнал да ја дизајнираат операцијата која ќе остане запишана во историјата.

„Каталонците“ се
подготвени на Јувентус да му понудат фудбалери во замена за ЦР7 и се
споменуваат имињата на Антоан Гризман, Филипе Кутињо и Серхи Роберто.

АС сепак додава
дека нема гаранции дека Кристијано Роналдо би прифатил преселба во Барса со
оглед на неговото минато во Реал Мадрид, ниту пак се почнати формални преговори
со неговиот агент, Жорж Мендеш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани