Лапорта откри кој услов треба да се исполни за Атлетико да го купи Гризман и порача: Не ни требаше таков играч!

by
1 минути читање

Во последниот ден
од преодниот рок, Барселона реши да се раздели со Антоан Гризман, за кого во
2019 беа платени 120 милиони евра. Французинот се врати на позајмица во
Атлетико Мадрид, а „колчонероси“ исто така имаа обврска во целост да го купат
играчот (за сума од 40 милиони евра).

Жоан Лапорта сега
откри кој услов треба да се исполни за престојот на Антоан Гризман на „Ванда“ да стане перманентен.

„Гризман мора да
одигра 50% од мечевите на кои може да настапи за Атлетико да мора во целост да
го купи“
– вели претседателот на Барселона.

Тој исто така порача
дека трансферот на Антоан Гризман на Камп Ноу бил грешка.

„Никогаш не сум
го критикувал, се работи за голем играч, едноставно не се вклопи во нашиот систем,
од фудбалски аспект, не ни требаше таков играч. Не можам да му замерам за
однесувањето, но можеше да понуди многу повеќе“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×