„Каталонците“ се во
голема финансиска криза поради пандемијата на ковид-19, клубот е во долгови до гуша и им се закануваше банкрот. Сепак, во иднина полесно ќе се дише, Барса постигнала договор со фондот Голдман Сакс за заем од 500 милиони евра.
Со овие пари,
Жоан Лапорта ќе може да рефинансира дел од долгот и на краток рок да го намали
притисокот.
„Земот ќе ни
донесе стабилност, ќе бидеме спокојни оваа сезона и следната. Во предвид го
земавме најцрното сценарио, навивачите да не се вратат на трибините и следната
сезона. Па дури и тоа да се случи, можеме да бидеме спокојни со оваа операција“
– вели извори од Барселона.
Од овие 500
милиони евра, веднаш на располагање ќе бидат ставени 100 милиони евра со кои ќе
се исплатат платите кои им се должат на фудбалерите.