Лапорта нема да патува во Доха, Чави побарал две засилувања

by
1 минути читање

Барса утре ќе отпатува во Доха за да го ослободи Чави од обврските со Ал Сад. Синоќа АС објави дека шеикот бара да преговара лично со Жоан Лапорта, но последните информации велат дека претседателот на „каталонците“ нема да летне за Катар.

Како што пренесе ТВ3, Жоан Лапорта решил да не биде дел од делегацијата и во Катар ќе заминат потпретседателот Рафа Јусте и спортскиот директор Матеу Алемани.

Останува да се види дали ваквиот потег ќе го навреди шеикот и дали ќе се комплицираат преговорите за враќање на Чави на Камп Ноу.

Мундо Депортиво вели дека има целосен договор помеѓу Барса и Чави, и се чека само двата клуба да си подадат рака.

Во меѓувреме, емисијата „Ел чирингито“ објави дека Чави побарал две засилувања. Стратегот сака Барселона да ги ангажира Жул Кунде од Севиља и Дани Олмо од РБ Лајпциг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани