Жоан Лапорта сака
летоска да донесе звучно име и главна цел му е Ерлинг Халанд од Борусија
Дортмунд. Според пишувањата на Спорт, претседателот остварил контакт со Мино
Рајола и се обидува да го искористи добриот одснос со агентот за да стигне до
услугите на Норвежанецот.
Сепак, зделката
воопшто не е лесна и има неколку пречки. Откупната клаузула вредна 75 милиони
евра е активна дури во 2022 година, па Барселона сега ќе мора да плати многу
повеќе. Спорт шпекулира со бројката од преку 100 милиони евра, но Билд нодамна
пренесе дека сумата е 150 милиони евра.
Проблем е и високата
плата на играчот, провизијата за Мино Рајола како и провизијата за таткото на
Ерлинг Халанд. Барселона е силно погодена од ковид-19 кризата и играчите мораа
да се откажат од речиси 170 милиони евра за клубот да не оди во бакрот. Па Жоан
Лапорта и неговите соработници во следните месеци ќе мора донесат нови приходи
(продажба на дел од Барса Корпорејт) но и да најдат начин да ја намали сметката
за плати (со продажба/позајмица на играчи, Кутињо е прв на листата за отстрел).
Исто така,
конкуренцијата за потписот на Ерлинг Халанд е голема. Реал Мадрид и Манчестер
Сити се сериозно заинтересирани за напаѓачот и имаа пари за трошење.