Жоан Лапорта сака
Лео Меси што побрзо да донесе одлука за иднината, вели дека преговорите одат
добро но Аргентинецот има и други понуди.
„Новиот договор
на Лео Меси не зависи од ревизијата на сметките која ја правиме. Како што кажав
вчера, преговорите течат добро и има прогрес. Горе-долу знаеме што ќе донесе
ревизијата, кога ќе биде завршена во јули, ќе споделиме повеќе информации. Но
за договорот на Лео Меси одредивме резерва и подготвивме стратегија. Повторувам,
преговорите течат добро, но ништо не е готово“ – рече претседателот на
Барселона на денешната промоција на Ерик Гарсија.
„Парите не се
проблем за Меси, има големо разбирање за ситуацијата. Но сака конкурентен тим
кој ќе се бори за титули. Сепак, ниту едно од засилувањата кои ги носиме не се
поврзани со преговорите со него. Знаеме дека сака да остане, но има и други
понуди. Се надева дека на крајот ќе пресуди неговата желба да остане во
Барселона“.
„Што порано
договориме нова соработка, толку подобро. Ќе има помалку сомнежи и ќе можеме побрзо
да го изградиме тимот“.