67
Поголемиот дел од информациите велеа дека Барселона му подготвува отказ на Куман иако таквата операција во моментов е скапа за каталонскиот клуб.
Сепак донесена е одлука Куман да продолжи да го води тимот.
„Роналд Куман ќе продолжи да биде тренер на Барселона без разлика на резултатот против Атлетико Мадрид. Тој ја заслужува довербата, Куман е легенда на Барселона и јас го ценам тоа што тој прифати да биде тренер на тимот во овој тежок период. Куман ја сака Барселона, тој е референтна точка на клубот. Сите ние зеднички ќе се обидеме тимот да бележи добри резултати“, вели Лапорта.