Ерлинг Халанд е желба
на сите гиганти ширум Европа, но Барселона е во пол позиција за потписот на напаѓачот.
Како што пренесува Кватро, Жоан Лапорта и Мино Рајола имаат пакт, доколку
претседателот на „каталонците“ ги обезбеди потребните финансии, Норвежанецот ќе
заврши на Камп Ноу.
Лапорта се сретна
со Рајола во декември и биле поставени темелите на зделката. Првиот човек на
Барселона сега ќе треба да најде преку 100 милиони евра за трансфер сумата,
провизијата за Рајола и провизијата за таткото на играчот.
Кватро додава
дека Ерлинг Халанд ќе добие договор 3+2 години и ќе има годишна бруто плата од
околу 30 милиони евра.
Напаѓачот сака да
биде главна ѕвезда на тимот и околу него да се гради проектот па затоа ја
преферира Барселона а не Реал Мадрид, каде се очекува овој статус да го има
Килијан Мбапе.