„Каталонците“
синоќа ги открија резултатите на деталната ревизија на сметките и соопштија дека
во арпил клубот бил „технички во банкрот“ и ќе бил прогласен стечај доколку се
работело за компанија бидејќи немало пари за нормално функционирање.
Барселона има
долг од 1,35 милјарди евра, намали приходи и како резултат на ова, ограничувања
од Ла Лига на буџетот за плати и прилично им ги врза рацете при настапот на трансфер пазарот.
Но и покрај тоа,
раководството на Барса е убедено дека можат да го извлечат клубот од кризата и
веќе од следното лето да имаат средства за ангажман на звучно име.
Новинарот Сике
Родригез открива дека Жоан Лапорта на своите соработници им се доверил дека
целта е да се ангажира Ерлинг Халанд.
Норвежанецот,
заедно со Килијан Мбапе, треба да биде трансфер бомбата во 2022, гигантите
ширум Европа ќе водат жестока битка за неговиот потпис. Жоан Лапорта веќе крои
планови и сака да го искористи добриот однос со Мино Рајола за да донесе напаѓачот
на Камп Ноу.