Лапорта: И јас сум револтиран, но и повреден, исто како и вие, потребно е трпение, но и поддршка

by
1 минути читање

Барселона тргна
со убедлив пораз со 0-3 од Баерн Минхен на домашен терен во новата сезона од
Лигата на шампионите, а Каталонците беа и повеќе од лесен плен за Германците
кои царуваа на „Камп Ноу“ и беа во целост доминантни.

Претседателот на
Барселона, Жоан Лапорта одлучи да испрати порака до навивачите во која побара
трпение од нив, но и да продолжат да го бодрат тимот, а упати и барање за
доверба.

И јас сум
револтиран, но и повреден, исто како и вие, тоа што се случува е едно од
сценаријата кои ние ги замислувавме, а јас од вас барам да бидете трпеливи и да
продолжите да го поддржувате овој тим
“ рече Лапорта во своето обраќање.

Исто така би
побарал од вас да имате доверба во оние кои го водат клубот во моментов,
потребна ни е вашата доверба и време, воопшто не се сомневам дека ќе ја решиме
оваа ситуација
“ додаде тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×