Лапорта експлодираше и ги наброја сите судиски неправди против Атлетико Мадрид

by bojan
1 минути читање
Лапорта

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта вели дека судиите кумувале на елиминацијата од Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони.

„Каталонците“ не успеаја да направат кам-бек на синоќешниот реванш против Атлетико Мадрид и покрај тоа што поведоа со 0-2 и ја анулираа негативата од првиот меч.

Пресметката повторно беше одбележана од неколку спорни одлуки, па Жоан Лапорта попладнево експлодираше и удри по судиите.

„Честитки за Атлетико, но морам да кажам што мислам за судиите и ВАР, кои се однесуваа срамно“ – вели претседателот на Барселона.

„Нема толеранција за она што ни се случи. На првиот натпревар не добивме чист пенал, плус ни исклучија играч (Кубарси) кога требаше да биде покажан само жолт“.

„Симеоне немаше контрола врз топката. Судијата постапи исправно кога извади жолт картон, но ВАР го принуди да ја промени одлуката и да додели црвен, одлука која ни нанесе голема штета“.

„Навистина бевме оштетени од судиите, истото се случи и вчера на реваншот“.

„Повторно ни исклучија играч (Ерик Гарсија) кога Кунде лесно можеше да стигне до топката, па Ерик не беше последниот играч“.

„Судијата во прв момент се фати за жолт картон, што беше коректна одлука, но ВАР го предомисли… уште една погрешна одлука“.

„Исто така, голот на Феран беше гол. Прекршокот на Олмо беше пенал, а стартот над Фермин беше страшен“.

„Му ја расцепија устата, момчето едвај издржуваше од болка додека го шиеја, а судијата не покажа ни картон“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×