72
Жоан Лапорта убедливо победи на изборите за нов претседател на Барселона, но за официјално да седне во фотелјата на Камп Ноу, до Ла Лига треба да достави гаранции од речиси 125 милиони евра.
Утрово неколку извори од Шпанија пренесоа дека тој е „краток“ за 70 милиони евра откако синоќа пропаднале преговорите со компанијата Аудакс.
Гаранциите мора да бидат доставни до утре, во спротивно, ќе биде именуван нов в.д. директор кој ќе треба да распише нови избори.
Последните информации велат дека Жоан Лапорта некако успеал повторно да седне на маса со раководството на Аудакс за да се најде решение а како опција го има и инвестицискиот фонд ХПС Партнерс, кој за возврат бара 5% камата или 6 милиони евра годишно.