Лапорт за игнорирањето од Дешам: Верувам дека причините се лични

by
2 минути читање

Ејмерик Лапорт
игра на едно високо ниво во дресот на англискиот шампион Манчестер Сити кој
плати 65 милиони евра за негов ангажман, а инвестицијата на Граѓаните во целост
се исплати, барем засега, откако Французинот стана столб во одбраната, а
прераснува во еден од најдобрите во светот на фудбалот на таа позиција.

Сепак, 24
годишниот Французин, инаку поранешен член на Атлетик Билбао, пред дури две
години го доби последниот повик од селекторот на Триколорите, Дидје Дешам, а
Лапорт верува дека Дешам има лични причини за тоа зошто не го повикува, односно
го игнорира.

Постои само еден
одговор на ова прашање
: постои
селектор, а селекторот не ме одбира
“ рече Лапорт запрашан за тоа зошто е
изоставуван редовно од селекцијата на Франција.

Јас лично немам
ништо против него, но, доколку некој има проблем, тоа е тој, и тоа со мене. Тоа
се одлуки на селекторот, но, во овој случај тој ме игнорира, јас верувам, дека
причините за тоа се лични
“ заклучи Лапорт.

Пред неколку
седмици, Пјер Манковски, кој беше асистент тренер во националниот тим на
Франција во периодот на Жак Сантини и Ремјонд Доменех од 2002. до 2010. година,
во интервју за Л
екип
проговори на оваа тема и посочи свое образложение зошто Лапорт е изоставуван.

Тој е како
осамена личност, таков е по карактер и кога разговара, изгледа како да се
чувствува неудобно, непријатно, сето тоа е поради тоа што има одлична
перцепција за самиот себе си
“ вели Марковски.

Како и да е, тој
е голем професионалец кој има проблеми да се интегрира во една група
“ додаде
Марковски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани