Лампард верува во Вернер и Хаверц: Обајцата ќе бидат од огромно значење за овој тим

by
2 минути читање

Предводникот од
клупата на Челси, Франк Лампард застана во одбрана на големите засилувања во
пресрет на новата сезона, Тимо Вернер и Каи Хаверц и покрај формата „топло-ладно“
кај германските репрезентативци.

Вернер се
приклучи на Челси по трансферот од Лајпциг вреден 47.5 милиони фунти, а Хаверц
дојде од Баер Леверкузен за сума од 71 милион фунти. Вернер има голем удел во
играта на Сините од Лондон, меѓутоа трпи критики поради големите прилики за гол
кои не ги користи, а што се однесува пак до Хаверц, тој само што тргна во
одлична форма, се зарази со ковид-19, што го оддалечи од терените две седмици.

Немам никакви
грижи околу Тимо, дојде во една ваква силна лига, а веќе направи голем импакт
во тимот, неговата брзина, работите кои ги прави за тимот, и се
останато говори за квалитетот во него
вели Лампард.

Јасно ми е дека
добива многу шанси за погодок на натпреварите, но истовремено треба да бидеме
свесни и дека креира шанси, има прекрасен преглед на играта, а тоа посебно ми
се допаѓа, Тимо ќе биде од огромно значење за овој клуб во годините пред нас

додаде предводникот на Челси по што се префрли на темата со Хаверц.

Тој имаше
навистина тешки симптоми на ковид-19, имаше заболување по потешката фаза,
навистина помина во една тешка фаза, токму од таа причина му беа потребни две
седмици пред повторно да се најде во почетниот состав откако оздраве од вирусот
“ подвлече тој.

Пред да се
зарази со коронавирусот, тој беше фантастичен, имаше прекрасни моменти на
теренот, бев импресиониран од неговите перформанси, а сите можеа да проследат
дека тој уживаше на теренот, тој е фудбалер за подолг рок на Челси, немам
никакви грижи околу тоа прашање со Каи, убеден сум дека ќе биде од огромно
значење за овој клуб, ги има сите потребни квалитети
“ заклучи Лампард.

Еве нешто и во
поглед на статистиката, Вернер во 16 настапи за Челси досега успеа да запише
девет погодоци, но и четири асистенции, што се однесува пак до Хаверц, тој на
12 настапи постигна четири погодоци, а реализираше и три асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×