Шефот на
стручниот штаб на Челси, Франк Лампард нема никакви дилеми во тоа дека големото
засилување Каи Хаверц ќе биде одличен во дресот на „Сините“ од Лондон, меѓутоа
инсистира на тоа дека Германецот најпрво мора да биде во целост подготвен.
Хаверц во Челси
пристигна за 72 милиони фунти, а имаше потешкотии во играта од досегашните две
одиграни кола во новата сезона од Премиерлигата, каде Челси најпрво славеше кај
Брајтон, за потоа да забележи пораз на домашен терен од шампионот Ливерпул.
„Каи играше на
повеќе клучни позиции во својата досегашна кариера, како деветка, осмица и
десетка на бројот на својот дрес, играше претежно по десната страна во Баер
Леверкузен и јас имам сопствена визија за него да игра нешто понапред“ вели
Лампард.
„Клучното во
моментов е тој целосно да биде подготвен, со оглед на ситуацијата во која сме,
ние не сме во позиција да чекаме, потребен ни е што е можно побрзо во неговото
најдобро светло, а потоа ќе стане јасно зошто е тука со нас“ додава тој.