Лампард кажа што мисли за автомобилите и облеката на Деле Али

by
1 минути читање

Деле Але најпрво беше критикуван за автомобилот Ролс Ројс со кој дојде на првиот тренинг на Евертон. Некои критичари сметаат дека тој треба да делува поскромно, доаѓањето со прескап автомобил не остава убава слика за него.

Потоа беше критикуван за облеката со која се појави на Гудисон Парк, некои велеа дека тој се облекол за некоја хип-хоп забава, не за претставување пред навивачите на Евертон.

Но, на Френк Лампард не му е грижа што вози Деле Али или како се облекува се додека тој ги исполнува клупските задачи.

„Не ми е гајле што вози тој и како се облекува, се додека доаѓа на тренинг секој ден, сака да напредува секој ден, го почитува клубот, ги почитува соиграчите и на теренот дава се од себе“, вели Лампард за имиџот на Деле Али.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×