Лампард има критики за фудбалерите по поразот од Вулвс: Помисливме дека многу сме добри и загубивме

by
1 минути читање

Сините имаа водство од 1-0, но примија два гола и повторно загубија. Вулвс победничкиот гол го даде во 95. минута од натпреварот.

„Перформансите ви даваат резултати, и ние имавме долга серија на добри перформанси па можеби момците помислија дека играме добро и кога ќе помислите дека играте добро се случува ова“, вели Лампард.

„Можеби фудбалеритие треба да размислат за натпреварот додека одмараат. Да помислат на овој меч, да помислат на Евертон. Ова е Премиерлига и доколку не играш добро, губиш натпревари“.

„Кога водевме 1-0 требаше да го контролираме мечот, да не дозволуваме контра напади на противникот, но им дозволивме“.

„Нивното најсилно оружје се контра нападите и ние им дозволивме да го искористат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×