Евертон беше во
сосема ново руво на пресметката против Лидс на свој терен каде славеше со 3-0,
што воедно беше прва победа на Френк Лампард на кормилото на „Карамелите“ во
Премиерлигата.
Лампард особено е
импресиониран од фудбалерот кој не доби адекватна прилика за докажување во
Манчестер јунајтед, Дони ван де Бек, за кого смета дека неговото однесување
досега е на професионално ниво.
„Импресиониран
сум, првично од професионален аспект, од првиот разговор со него, од доаѓањето
во клубот, гледајќи го како тренира, навистина сум импресиониран…“ рече
Лампард.
„Кога ќе се
навратам на времето кое тој го помина во Манчестер јунајтед, тој е фудбалер од
висока класа, таков беше кога Манчестер јунајтед го ангажираше од Ајакс“ додаде
предводникот на „Карамелите“.
„Не е лесно сево
ова, тој се пронајде помеѓу две страни, сигурен сум дека не му било лесно, но
покажа и докажа дека кога ќе ја држите главата постојано исправено, а ќе
продолжите со напорна работа, вашето време ќе дојде, сега тој има шанса да
покаже што знае и умее како стандарден првотимец, верувам дека успешно ќе го
стори тоа“ заклучи Лампард.