Лампард дебитираше со пораз за Евертон во Премиерлигата, супер гол на Трипие (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Њукасл освои три многу важни бодови во борбата за опстанок, а Киран Трипие го постигна првиот гол за овој тим.

Евертон на Френк Лампард имаше одлично издание во ФА Купот, но на неговиот прв меч во Премиерлигата доживеа пораз.

Во првото полувреме се случија два брзи автоголови, Ласкалс во 36. минута си ја затресе мрежата на Евертон, а во следната минута истото го направи Холгејт за 1-1

По десет минути игра Фрејзер погоди за водство на Њукасл од 2-1, а во 80. минута Трипие од слободен удар ги постави конечните 3-1.

Вест Хем со гол на Боуен го победи Ватфорд со 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×