Лампард даде зелено светло за позајмицата на Томори во Милан

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Челси, Франк Лампард потврди дека дефанзивецот Фикајо Томори
би можел да замине на позајмица во редовите на Милан се
со цел тоа да придонесе за добар развој на младиот
фудбалер.

Се верува дека
Милан е близу до ангажман на 23 годишниот Англичанец, кој во Милано треба да
пристигне како позајмен, меѓутоа од Челси немаат намера да го продаваат, па го
очекуваат назад на крајот од актуелната сезона.

Засега нема
детали, ништо од сево ова не е потврдено
“ рече Лампард.

Ние имавме четворица
централни дефанзивци ланската година, а не можеме сите да ги играме на
натпреварите, се обидуваме да пронајдеме решение, не постои нешто околу
можноста дека во случајот со Фикајо нешто тргнало надолу, тој е фудбалер кој се
развива
“ додава тој.

Од таа гледна
точка, Фикајо може да оди на позајмица, најмногу поради неговиот развој, тој е
млад фудбалер, оваа сезона јас имам на располагање дури петмина кои играат на
таа позиција, тешко е за тие фудбалери кои немаат константна минутажа
“ заклучи
Лампард.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×