Лампард: Бевме подобри, требаше да победиме

by
1 минути читање

Челси одигра 0-0 на гостувањето кај Тотнем и остана на третото место во Премиерлигата. Сините имаа поголем посед на топката, играа поофанзивно, имаа две сериозни шанси, едната ударот на Маунт кој го одбрани Лорис, и првата на Жиру кој не се снајде најдобро.

„Мечот помина како што очекував, очекував да имаме многу посед и тешко да креираме шанси, но мислам дека создадовме доволно шанси за да победиме. Мислам дека добро се справивме со заканата на Кејн и Сон, не им дозволивме да играат, но не ги искористивме нашите шанси“, вели Лампард.

„Комплетно доминиравме во поседот на топката, и тие понекогаш играа многу низок блок. Доколку направите погрешно додавање, сакаа да не казнат на контри. Тотнем има играчи кои се во одлична форма, но на денешниот меч ние требаше да победиме“.

„Не сакам многу да реагирам, мислам дека фудбалерите одиграа добро, направија се што побарав од нив, беа дисциплинирани, имавме и некои одлични индивидуални перформанси, особено во средниот ред“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×