Иако имаат реални шанси да обезбедат место во квалификациите за Конференциската лига, холандската Фортуна Ситард нема да ја види Европа следната сезона – и тоа не поради резултати, туку поради хартија и рокови!
Како што јавува BBC Sport, клубот од Ередивизие не аплицирал навреме за УЕФА лиценца – документ што е задолжителен за настап во европските купови. Крајниот рок бил 8 април, а од Фортуна едноставно… задоцниле.
Поради овој административен пропуст, клубот не смее да настапи во ниту едно европско натпреварување во сезоната 2025/26, без оглед на тоа дали ќе заврши на позиција што носи излез во Европа.
Навивачите се разочарани, а во клубот владее тишина – засега нема официјално објаснување како дошло до ваков превид, особено во момент кога резултатите конечно им се движат во позитивна насока.
Фото: Fortuna Sittard