Арсенал на
домашен терен ремизираше со 1-1 против Славија Прага, но на гости славеше
убедлива победа од 0-4 со што се избори за место во полуфиналето од
овосезонската Лига Европа.
Вообичаено, фудбалерите
на Арсенал пред самиот старт на мечот клекнаа на колена во знак на поддршка за
движењето „Black Lives Matter / Животот на црномурестите е важен“, меѓутоа не добија поддршка од домаќинот.
Фудбалерите на
Славија Прага стоеа на нозе во тие моменти, а тимот остана без Ондреј Кудела
кој доби дури десет меча суспензија од страна на УЕФА поради расистичка навреда
кон Глен Камара од Глазгов Ренџерс минатиот месец.
Тоа што многумина
го увидоа од моментот пред самиот старт на реванш пресметката синоќа беше
начинот на кој реагираше напаѓачот на „Топчиите“, Александре Лаказет, кој
гледаше директно во очите на фудбалерите на Славија Прага во тие моменти,
клечејќи пред нив.