Елиф Елмас повторно е жешко име на трансфер пазарот како што се приближува летниот преоден рок, особено откако стана јасно дека Торино нема намера да ја активира откупната клаузула од 17 милиони евра.
Ајакс е најзаинтересиран за македонскиот репрезентативец – холандскиот великан подготвува големи промени во составот по разочарувачката сезона и пропуштената титула, а Елмас е играчот во кој гледаат креативност и свежина во средниот ред.
Според медиумите од Холандија, Ајакс веќе испратил официјална понуда до Лајпциг – 12 милиони евра плус бонуси, со надеж дека ќе го осигура потписот на Елмас пред крајот на мај.
Лајпциг засега останува цврст – Германците бараат минимум 15 милиони плус клаузули, и прашање е дали ќе попуштат или ќе чекаат поголема понуда од другите клубови што го следат нашиот фудбалер.