Лацио се протна во осминафиналето, малку фалеше од готово да направат вересија, пречката ги спаси (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Малку фалеше за Клуб Бриж да направи сензација, да го победи Лацио со играч помалку и да го исфрли од Лигата на шампионите.

Лацио почна одлично, во 12. минута со гол на Кореа поведеоа со 1-0, но само три минути подоцна Вромер изедначи на 1-1.

Во 27. минута Лацио доби пенал, Имобиле постигна гол од белата точка и го врати водството на домаќините.

На пет минути пред крајот на првото полувреме Собол заработи втор жолт картон и Клуб Бриж остана со играч помалку.

Изгледаше како се да е готово, на Лацио му беше доволен и бод, а имаше водство од 2-1 и фудбалер повеќе на теренот. Во 75. минута Инзаги направи тројна измена и ги извади Имобиле, Леива и Алберто, во следната минута примија гол, Ванакен погоди за 2-2.

Во последните минути Клуб Бриж имаше неколку шанси за сензација, а најголемата се случи во 92. минута кога ја погодија пречката од голот на Реина, само сантиметри фалеа за сензација и елиминација на Лацио од добиена ситуација. Сепак римскиот клуб се спаси.

Лацио оди понатаму како второпласиран, а првото место го завери Борусија Дортмунд со победа кај Зенит од 2-1.

Рускиот тим поведе со гол на Дриуси во 16. минута, во вториот дел реализираа Пишчек и Витсел за комплетен пресврт и триумф на Дортмунд.

Клуб Бриж како третполасиран продолжува во Лига Европа, а Зенит ја заврши сезоната во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×