Италијанскиот
прволигаш Лацио ја одреди цената за евентуална продажба на Сергеј
Милинковиќ-Савиќ во пресрет на летниот преоден рок, а сагата околу иднината на
Србинот трае подолг период.
Римјаните за 27
годишниот фудбалер наводно се подготвени да прифатат сума од околу 65 до 70
милиони евра, вклучувајќи и бонуси, а под тоа клупското раководство на „Лацијалите“
не би ни преговарале воопшто.
Во Италија
шпекулираат дека во предвид би можел да се земе договорот за трансфер на Душан
Влаховиќ во Јувентус од Фиорентина, со што „Старата дама“ ќе исплаќа 70 милиони
евра во идните три години, а дополнително и десет милиони евра во бонуси.
Се верува дека
Манчестер јунајтед е во пол-позиција за потписот на 27 годишниот
Милинковиќ-Савиќ, а под будно око ситуацијата ја следи и ПСЖ.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.