Ла Лига го одреди терминот за последното „Ел Класико“ во сезоната

by Стефан
1 минути читање

Шпанската Ла Лига денес ги потврди термините за натпреварите од 35. коло, кога се игра големото „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал.

Имено, овој натпревар ќе се одигра на „Камп Ноу“ на 10 мај, со почеток во 21 часот.

Како што е познато, екипата на Ханси Флик би можела токму пред тој натпревар и официјално да ја обезбеди шампионската титула.

Барселона моментално е водечка на табелата со 79 бодови, девет повеќе од второпласираниот Реал.

Инаку, на Барса, доколку стане шампион на крајот ова ќе ѝ биде втор трофеј сезонава, сметајќи го и Суперкупот на Шпанија, додека Реал втора сезона по ред ќе остане без трофеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×