„Л’Екип“ за десната рака на Абрамович: Се судри со Рајола, „заглавува“ до доцна во ноќта на „Ватс Ап“…

by
2 минути читање

Многумина за неа
велат дека е една голема енигма во светот на фудбалот која функционира
беспрекорно добро од организациски аспект, „Л
Екип“ за првиот оперативец на Челси и десна рака
на сопственикот на клубот, Роман Абрамович, Марина Грановскаја открива детали
за тоа како функционира таа.

Грановскаја
преферира да работи вон камерите, а нејзиниот карактер е опишан од инсајдери за
францускиот весник, каде што се изнесуваат разни детали.

За Грановскаја, „ЛЕкип“ тврди дека имала жесток судир со
еден од најмоќните фудбалски агенти во светот, Мино Рајола, а за неа се верува
дека често работи премногу часеви во еден ден, а своите активности најчесто ги одработува
на „ВатсАп“ платформата, каде останува и доцна во ноќта за да ги одработи работните
задачи во однос на предвидените преговори.

Францускиот
весник базирајќи се на информациите од своите инсајдери тврди дека Грановскаја
е безкомпромисна со фудбалските агенти, а одвнатре во клубот на Челси, каде таа
ја одработува позицијата од 2013 година па наваму, се верува дека има стекнато
огромна доверба од своите колеги.

„Кога ја
познавате неа, откривате една доста добра, шеговите и културна особа“ рече во
една прилика претседателот на Лил, Оливие Летанг, а „Тајмс“ во една прилика ќе
ја декларира како најмоќната жена во светот на фудбалот.

Грановскаја е прв
оперативец на клубот од „Стемфорд Бриџ“ за преговорите со новите фудбалери,
како и преговорите за обнова на договорите, а особено се истакна на
преговарачката маса во продажбата на Еден Азар во Реал Мадрид, во период кога
Белгиецот имаше уште една година од својот договор со Премиерлигашот.

За трансферот на
Азар вреден 134 милиони фунти, се верува дека Грановскаја преферирала да го
задржи Белгиецот во тимот уште една година, па дури и тој да си замине без
обештетување, отколку да биде продаден за пониска сума од предвидената.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани