Л’Екип: Коман останува во Минхен, ќе стане третиот најплатен фудбалер на Баерн!

by
1 минути читање

Баерн Минхен и
Кингсли Коман подолго време преговараат за нов договор, двете страни никако не
можеа да постигнат договор за висината на платата, па се говореше дека
Французинот ќе замине од „Алианц Арена“.

Сепак, според
пишувањата на Л’Екип, конечно е постигнат компромис и Кингсли Коман ќе ја
продолжи соработката со Баерн Минхен до 2027 година. Офанзивниот фудбалер ќе добие
годишна плата од 17 милиони евра и ќе стане третиот најплатен фудбалер, зад
Роберт Левандовски и Мануел Нојер.

Сепак, некои
извори од Германија велат дека Кингсли Коман нема да биде третиот најплатен
фудбалер, бидејќи пред него ќе бидат Џошуа Кимих и Леон Горецка, кои имаат
плата од по 18 милиони евра по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×