439
Рикардо Кварезма
е добро познат на пошироката фудбалска јавност, особено по своите дриблинзи и
техника со која ги освојуваше симпатиите кај љубителите на фудбалската игра.
Крилниот напаѓач
на 38 години игра во португалскиот прволигаш Гимараеш, а во вчерашниот меч не
му се допадна тоа што домаќините се обидуваа да задржат време во повеќе
ситуации од пресметката, па во една се реши самиот да реши една таква
ситуација, кревајќи го противникот за да го изнесе од теренот.