Манчестер јунајтед
повторно киксна во трката за топ четири пласман, избраниците на Рангник вечерва
имаа предност од 0-2 на гостувањето кај Астон Вила, но на крајот мораа да се
задоволат само со бод.
Резултатот беше отворен
во 6. минута, Бруно Фернандеш биеше од работ на шеснаесетникот, Мартинез
реагираше неспретно, и топката низ неговите нозе заврши во мрежата за водствот
на гостите од 0-1.
Португалецот
зголеми на 0-2, во 67. минута, кога по една грешка на домаќините, неодбранливо биеше под
пречката.
Но потоа во игра
влезе Филипе Кутињо, и Бразилецот учествуваше во акцијата по која Ремзи во 77. минута
погоди за 1-2 и стана вториот најмлад стрелец за Астон Вила против Манчестер јунајтед.
Пет минути
подоцна, Ремзи испрати топка во петерецот а Кутињо рутински реализираше за 2-2
и огромно славје на домаќините.