163
Филипе Кутињо
прави големо предавство доколку се точни информациите на Сан. Бразилецот во
дресот на Ливерпул се промовираше во еден од најдобрите играчи во Премиерлигата
и си обезбеди богат трансфер во Барселона вреден 120 милиони евра, плус додатни
40 милиони евра во бонуси.
Но откако не се
снајде на Камп Ноу, тој летоска ќе се врати во Премиерлигата и тоа во редовите
на лутиот градски ривал Евертон.
Денешното издание
на Сан вели дека е договорен трансфер од 35 милиони фунти (околу 40 милиони
евра) и „карамелите“ веќе бараат куќа за фудбалерот и неговото семејство.