157
29 годишниот
Филипе Кутињо ќе ја одбие можноста да се пресели во Њукасл во јануарскиот
преоден рок, со тоа што во Шпанија наведуваат дека Бразилецот нема намера да си
замине од „Камп Ноу“, за што наводно го известил и самиот клуб.
„Спорт“ тврди
дека Кутињо јасно им навел на челниците на Барселона дека нема намера да си
замине, а ќе ги одбие сите понуди од страна на Њукасл, а се верува дека новиот
тренер на Каталонците, Чави Ернандез посакува да го види Кутињо на теренот за
својот тим.
Актуелниот
договор на Кутињо со Барселона истекува во 2023 година, а се шпекулира дека
Каталонците ќе притискаат да го решат прашањето со иднината на Бразилецот
идното лето.