Кутињо се препороди во Премиерлигата откако отиде на позајица во Астон Вила. Во осум одиграни меча има четири голови и три асистенции.
Астон Вила има опција да го откупи Кутињо за 40 милиони фунти, но проблем е огромната плата која ја добива Бразилецот од Барселона. Таа изнесува 480.000 фунти. Тој и да прифати намалување на платата, веројатно нема да биде толку големо за Вила да си го дозволи.
Во моментов додека е на позајмица, Астон Вила му дава 120.000 фунти неделно, а остатокот го добива од Барселона.
Но, според „Спорт“, Арсенал е сериозно заинтересиран за Кутињо и веќе направил контакт со Барселона. И тие сигурно нема да му ја понудат платата која ја добива во Барса, но можат да му понудат повеќе отколку Астон Вила.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.