143
Лоши вести за Барселона
и Роналд Куман, подолго време нема да можат да сметаат на Филипе Кутињо.
Бразилецот синоќа
се повреди против Еибар, а тестовите извршени утрово покажале оштетување на
менискусот во левото колено.
„Каталонците“
брифираат дека играчот мора да направи артроскопска операција и во следните
денови ќе биде извршена интервенцијата.
Како што пишуваат
медиумите од Шпанија, Филипе Кутињо ќе паузира околу 4 месеци.