484
„Тутоспорт“
пишува дека Милан влегол во преговори со Барселона околу можна позајмица на
Филипе Кутињо за новата сезона, меѓутоа платата на Бразилецот во висина од 12
милиони евра од сезона е најголемата пречка засега.
Италијанскиот
медиум додава дека и покрај тоа, „Росонарите“ и натаму се обидуваат да
издејствуваат на договор со Каталонците, откако стана и повеќе од јасно дека 29
годишниот плејмејкер не е во плановите на тренерот Роналд Куман.
Кутињо сезоната
2019/20 ја помина на позајмица во Баерн Минхен, но се врати во Барселона
ланското лето, а се верува дека на Милан му било укажано дека тој ќе биде
достапен за трансфер ова лето.