Кутињо би можел да биде првото големо засилување за Њукасл, а Конте нов тренер

by
1 минути читање

Конзорциумот од
Саудиска Арабија конечно го купи Њукасл, а наскоро се очекуваат големи промени
во тимот од „Сент Џејмс Парк“, па така се споменуваат неколку звучни засилувања
кои би можеле да пристигнат во тој клуб уште во јануарскиот преоден рок.

Филипе Кутињо би
можел да биде првото големо засилување за Њукасл во јануари, а 29 годишниот
Бразилец со тоа би можел да се врати во Премиерлигата, откако претходно од
Ливерпул направи трансфер во Барселона.

Финансиските
анализи на Островот пресметаа дека Њукасл би можел да потроши нешто повеќе од
200 милиони фунти за засилувања во идните три години, без притоа да го прекрши
финансискиот фер плеј.

„Спорт“ извести
дека претставници на новото сопствеништво на Њукасл веќе го контактирале Кутињо
во летниот преоден рок, меѓутоа фактот што не се случи финализација околу
продажбата на Премиерлигашот, сите планови се откажаа.

Од друга страна
пак, се верува дека Стив Брус нема уште долго да биде тренер, а како негов
наследник се споменува Антонио Конте, кој е без ангажман откако си замина од
Интер.

„Газета дело
Спорт“ извести дека новите сопственици на Њукасл имаат толку големи амбиции со
тоа што посакуваат и искусен тренер да го предводи клубот, а токму Конте е
главен фаворит за таа функција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани