Тибо Куртоа е на прагот да си замине од Челси,
обете страни ги прекинале преговорите околу продолжување на соработката, а
познато е дека актуелниот важечки договор на белгискиот голман со
Премиерлигашот истекува на лето во 2019. година.
Јасно е доколку
Челси чека до зимскиот преоден рок, Белгиецот уште во тој период ќе има можност
да преговара со заинтересираните клубови, а тимот од Лондон ќе остане со празни
раце, па, доколку сака нешто да заработи од негова евентуална продажба, тоа ќе
може да го стори ова лето.
„Веројатно е дека
Куртоа ќе го напушти Челси ова лето, клубот одлучи да ги прекине преговорите.
Сега се чини дека е извесно дека Белгиецот ќе биде продаден ова лето, а Реал
Мадрид е најзаинтересираниот клуб да го купи“ напиша „Скај Спорт“.