271
Утринава шокантна беше веста дека Тибо Куртоа ќе го пропушти големото Ел Класико поради грип, сега доаѓаат и други информации на оваа тема.
Последните вести од Шпанија велат дека Тибо Куртоа сака да брани на Ел Класико и прави сѐ за да може да настапи.
Наводно, тој ќе патува во Барселона сам, одвоен од остатокот на фудбалерите кои веќе се таму, а ако биде добар до вечер, ќе им се приклучи и ќе застане на голот.
За разлика од првите денешни информации, сега не се отфрла можноста Куртоа сепак да брани на Ел Класико.