Куртоа: Ги простудирав пеналите на Меси

by
1 минути читање

Чуварот на
мрежата од голот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа синоќа имаше одлична партија во
дресот на „Кралевите“, кои сепак со минимален пораз се вратија од гостувањето
кај ПСЖ во првата пресметка од осминафиналето од Лигата на шампионите.

Куртоа одличната
партија ја зачини со одбранет пенал на Лионел Меси, за што Белгиецот тврди дека
сериозно ги анализирал пеналите на ривалот.

Ги простудирав
неговите пенали, имаше едно негово промашување со Барселона против Атлетико,
меѓутоа тој обид заврши во конструкцијата од голот, а ми се чини и дека имаше
едно промашување во дресот на ПСЖ на десната страна
“ рече Куртоа по мечот за „РМЦ
Спорт“.

На истата страна
се обиде и против Бриж, а повторно и против Ница во Купот на Франција, така јас
претпоставив дека треба да го намамам дека ќе бранам на левата страна
“ додаде
Белгиецот.

Тој има постигнато
многу погодоци против мене, но против фудбалери како Лео, Нејмар и Ди Мариа
треба да бидете постојано внимателни
“ заклучи Куртоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×