1,1K
Италија е во
полуфиналето на Европското првенство, а таму ќе ги одмери силите со Шпанија,
откако славеше со 2-1 над Белгија, која се издвојуваше како еден од главните
кандидати на европскиот турнир.
Голманот на
Белгија, Тибо Куртоа брутално искрен во својата изјава по мечот во Минхен
призна дека „Аѕурите“ сосема заслужено победиле.
„Ова боли, многу,
меѓутоа ние знаевме дека ова ќе биде тежок натпревар“ рече Куртоа.
„Имавме две
големи шанси, а нивниот голман се истакнуваше со одлични интервенции, а ние
лесно го примивме првиот гол…“ додаде тој.
„Навистина сево
ова можеше да заврши на поинаков начин, меѓутоа Италија заслужи да победи“
заклучи голманот на Белгијците.