Куртоа брутално го понижи напаѓачот на Манчестер јунајтед: Зарем тој е ѕвезда? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тибо Куртоа е во
фокусот откако беше објавено едно видео од кампот на Белгија. Јан Вертоген го
„испитуваше“ знаењето на својот сонародник и побара од голманот да наброи три
ѕвезди кои нема да настапат на ЕВРО 2020.

Играчот на Реал
Мадрид на ум го имаше само Серхио Рамос, и откако истече времето за одговор,
Јан Вертоген почна да набројува имиња: „Халанд, Марсијал, Тер Штеген, Ван Дајк,
Ѕаниоло, Кин, Џеко, Облак, Пјаниќ…“.

Тибо Куртоа потоа
со насмевка на лицето одговори: „Марсијал? Зарем тој е ѕвезда?“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×