Во битката за местото во Првата лига екипата на Башкими денеска славеше во дуелот против Беса со 0-2 и така обезбедија пласман во друштвото на најдобрите.
До победата кумановскиот состав дојде до триумф со по еден гол во двете полувремиња. Резултатот го отвори Сахити по една контра во 37. минута за потоа на десетина минути пред крајот Алексовски да го потврди трумфот.
Ќе потсетиме, Беса е единствениот тим кој сезонава отпадна од Првата лига откако претходно екипите на Воска спорт и Гостивар беа исфрлени од друштвото на најдобрите. Башкими од друга страна беше трет во Втората лига со што си обезбеди место во баражот.