Куман верува дека Меси треба да ја заврши кариерата во Барселона

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Барселона, Роналд Куман верува дека првата ѕвезда на
Каталонците, Лионел Меси треба да ја заврши својата кариера во клубот од „Камп
Ноу“, а додаде и дека се надева договорот ќе биде постигнат наскоро.

Ние секогаш сме
потенцирале дека Меси треба да ја заврши кариерата во Барселона, јас лично се
надевам дека тоа и официјално ќе се случи наскоро
“ рече Куман во изјавата за „Спорт“.

Сметам дека тоа
ќе се случи, ќе биде одлична вест за сите
“ додаде холандскиот фудбалски стратег
кој на Европското првенство го „скенира“ својот сонародник Мемфис Депај.

33 годишниот Меси
технички ќе биде слободен играч на трансфер пазарот по истекот на овој месец, а
претседателот на Барселона, Жоан Лапорта тврдеше дека договорот со Меси е
одложен со оправдание дека се чека на продажба на фудбалери од тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×