312
Барселона го загуби класикото од Реал Мадрид, беа поразени со 2-1 на „Ди Стефано“, во меч кој изобилуваше со возбудувања.
Во вториот дел имаше спорен момент кога Мартин Брејтвајт беше соборен во шеснаесетникот од Ферланд Менди. Судјата Жил Манзно веројатно мислеше дека се работи за глума, но не доби ниту сугестија од ВАР дека можеби донел неправилна одлука.
„За мене тоа беше чист пенал и сите го видоа тоа“, изјави Куман по мечот.
„Мартин падна и требаше да биде пенал. Судијата можеби не виде, но имаме ВАР за вакви стуации“.
„Како и да е, подобро да не зборувам повеќе за тоа. Тимот беше психолошки добар и заслуживме пенал во таа ситуација“.