Барселона синоќа со гол на Араухо во 90. минута се спаси од пораз на Камп Ноу од Гранада.
„Погледнете го составот на тимот, го направивме тоа што требаше да го направиме“, вели Куман по мечот.
„Немаме фудбалери за тики-така. Треба да го играме нашиот стил, но доколку натпреварот бара промени, треба да се прилагодиме на тоа. Оваа Барселона не е Барселона од пред осум години“.
„Основниот систем на овој меч беше 4-3-3 во првото полувреме, но потоа бевме приморани да го промениме начинот принудени од карактеристиките на играчи кои ги имавме на клупата. Кога ќе се вратат Ансу Фати и Дембеле ќе имаме повеќе опции и ќе биде поинаку“.
Куман беше запрашан и за неговата иднина, но неговиот одговор беше многу краток.
„Нема повеќе да зборувам за мојата иднина“.