67
Изненадувачки, Меси синоќа мечот со Бетис го почна од клупата за резервни фудбалери. Во игра влезе на почетокот на второто полувреме, постигна два гола и на крајот беше прогласен за играч на мечот.
Тренерот на Барса, Роналд Куман вели дека Меси имал ситна повреда и се договориле тој да игра доколку има потреба, затоа и не бил стартер на мечот.
„Зборувавме со Меси, кој мечот со Динамо го напушти со повреда и не беше во позиција да игра од почетокот. Се договоривме дека ќе го пуштиме во игра доколку ни биде потребно. Ако беше физички добар, ќе играше од почетокот“, вели Куман.