Куман останува на кормилото на Барселона, Лапорта засега се воздржува за негов отказ

by
1 минути читање

И покрај фактот
што Барселона се соочува со криза и испорачува очајни резултати изминатиов
период, Роналд Куман ќе продолжи да ги води Каталонците од клупата, известува „Марка“.

Барселона беше
очајна изминатите три меча против Баерн Минхен, Гранада, но и Кадиз, меѓутоа
првиот човек на Каталонците, Жоан Лапорта донел одлука да не прави драстични
промени во тимот.

Куман и Лапорта
имале и разговор по ремито без голови против Кадиз, а медиумите во Шпанија и
натаму пишуваат дека столчето на холандскиот фудбалски стратег е сериозно
разнишано, а идните три меча против Леванте, Бенфика и Атлетико Мадрид би
можеле да ја одлучат неговата иднина во клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани