Куман објасни зошто Меси нема да игра против Еибар

by
1 минути читање

Лео Меси утрово
не тренираше а Барса соопшти дека фудбалерот нема да биде во комбинација за последниот натпревар од сезоната и добил дозвола да одмори пред да
замине на должност со Аргентина на Копа Америка.

„Има тројца играчи кои дадоа огромен напор
оваа сезона. Не сакам да кажам дека другите играчи не го дадоа максимумот, но
Меси, Педри и Де Јонг имаа многу минути и многу одговорности. Па морам да ги
заштитам овие играчи од повреди. Разговаравме и постигнавме договор“
– рече Роналд
Куман на денешната прес конференција.

Многумина се
прашуваат дали Лео Меси веќе го одиграл последниот натпревар за Барселона,
Аргентинецот има договор до 30. јуни и чека да го слушне предлогот на Жоан
Лапорта.

„Се надевам дека Меси
ќе продолжи во Барселона уште многу години. Тој е уникатен играч, чиста „10-ка“
од професионалец. Доколку не продолжи, Барса ќе треба да произведе нова ѕвезда
и другите играчи да ги надополнат погодоците. Лео оваа сезона постигна 30
голови, со него, тимот има многу подобра иднина“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×