Куман нема дилеми: Меси е главен кандидат за „Златната топка“

by
1 минути читање

Тренерот на
„каталонците“, Роналд Куман разговараше со Барса ТВ на различни теми, една од нив
беше Лео Меси, кој прифати двојно помала плата за да остане на Камп Ноу.

„Меси е клучен за
нашата игра, тој е нашиот капитен, пример за сите други. И покрај тоа што
минатата сезона имаше комплициран старт поради работите кои му се случуваа, имаше
прилично ефикасна сезона, уште еднаш покажа дека е најдобар во светот“
– вели Холанѓанецот.

„Триумфот на Копа
Америка е од огромна важност, знам колку многу го посакуваше трофејот по долги
години без успех со националниот тим. Тој е навикнат да освојува титули, и
конечно го доби она за кое се бореше“.

„По одличната
сезона во дресот на Барселона и триумфот на Копа Америка, тој е главен кандидат
за „Златната топка“. Според мене, тој е прв фаворит за оваа престижна
индивидуална награда“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×